Меси се врати на тренинзи, но до првиот настап ќе помине уште еден месец

64

Аргентинската мега-ѕвезда Лионел Меси ги продолжи ограничените тренинзи со Интер Мајами, додека продолжува да се опоравува од повредата на зглобот добиена пред повеќе од еден месец, објави Атлетик.

„Постојат специфични тренинзи за да му овозможат одредено ниво на учество. Но тој сè уште не добил дозвола за настап од медицинскиот персонал“, изјави тренерот Тата Мартино.

Тој додаде дека нема промена во распоредот, дека Меси ќе се врати на теренот пред крајот на регуларниот дел од сезоната на 19 октомври против Њу Ингланд Револушн.

Меси (37) е надвор од тимот откако се здоби со повреда на зглобот на 14 јули на натпреварот на Аргентина против Колумбија во финалето на Копа Америка.

ПретходноМилевски: Фарски Острови одамна не се тим за билдање гол-разлика, ќе биде тешко
СледноЧелзи во два дена се „ослободи“ од двајца голмани