Миовски против Ливерпул, ПСЖ, Арсенал, а Ристовски и Адеми на мегдан со Баерн, Дортмунд, Милан…

10764

Познати се групите за Лигата на шампионите за сезоната 2024/25. Од оваа година стартува новиот формат кој треба да понуди повеќе натпревари и поголема возбуда за фановите и се разбира за фудбалерите.
По новиот формат на ЛШ секоја екипа ќе одигра четири натпревари дома и четири во гости и со различни противници. За разлика од претходно сите екипи се натпреваруваат во иста лига.
Првите осум одат директно во осминафиналето, клубовите од 9 до 24 место разигруваат за преостанатите осум места во нокаут-фазата. Клубовите од 24 до 36 место испаѓаат од Европа, односно не продолжуваат во Лига Европа, како ни поразените во разигрувањето за осминафиналето.

Стартот е на 17. септември.

Бојан Миовски и Џирона за противници ги добија великаните Ливерпул, ПСЖ, Милан, Арсенал, холандските ПСВ и Феенорд, Слован и Штурм Грац.

Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб ги добија германските великани Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, како и Милан и Арсенал потоа Селтик, Салцбург, Монако и дебитантот Слован.

Елиф Елмас и Лајпциг ќе се соочат со жестоки противници, Ливерпул, Интер, Јувентус и Атлетико Мадрид, како и Спортинг, Селтик, Астон Вила и Штурм Грац.

 

ПретходноХакиран профилот на Мбапе, па фрчеа навреди кон Меси! (ФОТО)
СледноТони Крос: Реал Мадрид повторно ќе биде шампион, Барса нема да биде ни втора!