Му се може: Нејмар за секој одигран меч си ќарил од Ал Хилал по 30 милиони евра!

364

Ако ова не е “грабеж“, тогаш што е? Имено Ал Хилал, пребогатиот клуб од Саудиска Арабија има таков финансиски минус со трансферот на Нејмар за да тоа е нешто невидено. Пред една година Бразилецот од ПСЖ се пресели во Ал Хилал, за што Саудијците на клубот од Париз му исплатија 90 милиони евра за отштета. Додека на самиот играч му “лупнаа“ 300 милиони евра за две години или по 150 милиони по сезона.

Цаката“ е во тоа што Ал Хилал со тој договор не се заштитил себеси во случај на повреда. И токму тоа се случи. Играјќи за Бразил нивниот напаѓач во октомври минатата година ги скина лигаментите и сеуште не се знае кога ќе биде целосно фит за да почне да игра за Ал Хилал.

Со оглед на тоа дека Нејмар до повредата вкупно одигра само пет натпревари, излегува дека за секој одигран меч Ал Хилал на Нејмар му платил по 30 милиони евра, ако се знае дека годишно му „лупна“ 150 милиони евра.

Ете, тоа е тоа. Му се може што се вели. А луѓето од Ал Хилал сега добро ќе размислат кога со некоја мега – ѕвезда ќе потпишат договор.

ПретходноОфицијално: Лукаку во дресот на Наполи! (ФОТО)
СледноРоналдо ја доби наградата за најдобар стрелец во ЛШ