Младиот дефанзивец на Пелистер,Стефан Ивановски (20) најмалку уште една година ќе го носи дресот на битолскиот прволигаш. Ова попладнево и официјално го потврдија од раководството на клубот, и тоа на социјалните мрежи, и се пофалија дека со Ивановски го продолжиле договорот.
Ивановски како роден битолчанец е дете на Пелистер. Ги мина сите младински категории на клубот, а оваа сезона беше стартер на сите досегашни три средби.
Нема што, пред него е убава фудбалска иднина.