Ракометарите на Пелистер со победа го стартуваа ТВ турнирот на шампионите во Добој. Битолчани славеа против Црвена Звезда со 28-27. Момците на Бранко Анлгеловски на полувреме имаа плус пет, а во второто полувреме имаа проблеми поради што беа принудени да бркаат негатива.
На крајот Пелистерци славеа победа. Филип Кузмановски со девет гола беше прогласен за МВП на мечот. Утре (21:00 ч.) Пелистер ќе игра против Татабања од Чешка, а задутре против Загреб.