И официјално и дефинитивно. Федерико Киеза од денеска и официјално е нов член на Ливерпул. Најавите се остварија, па така гигантот од “Енфилд“ попладнево на своите социјални мрежи и својот клупски сајт објави дека Ливерпул има нов напаѓач, се разбира во името на Италијанецот кој позираше со дресот на својот нов клуб.
Инаку Киеза, откако си замина од Јувентус, се поврзуваше со трансфер во Барселона, Интер, се споменуваа и други клубови од Серија А, сепак репрезентативниот напаѓач чекаше и дочека понуда од еден од најголемите клубови во Европа и секако дека ја прифати.
Во секој случај менаџерот на “редси“ и тоа како доби големо, големо засилување.