Судии за ПМФЛ: Грујоски “главен“ во Гостивар, Трпчевски ќе му суди на Вардар

860

Во сабота (31.08.2024) од 16 часот, закажани се сите шест натпревари од 4.коло во ПМФЛ. Иако во ова коло нема некое дерби, сепак се очекува да биде интересно на сите саботни натпревари.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата. Па така на мечот во Гостивар каде играат Беса и Работнички, главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево. Додека на Арената во Скопје, каде играат Вардар и Воска, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

Во продолжение можете да ги видите кој ќе суди на останатите натпревари од ова 4.коло:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 4.КОЛО – САБОТА (16 Ч)

Кавадарци: Тиквеш – Гостивар (Марјан Младеновски – Скопје)

Скопје: Вардар – Воска (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Кратово: Силекс – Шкупи (Јован Качевски – Струга)

Тетово: Шкендија – Пелистер (Димитар Пилешков – Штип)

Струга: Струга ТЛ – Брера (Крумислав Ѓорѓиев – Штип)

Гостивар: Беса – Работнички (Александар Грујоски – Кичево)

ПретходноЧелзи во два дена се „ослободи“ од двајца голмани
СледноНов шок: И Митровиќ и Милинковиќ – Савиќ го “откачија“ Пикси!