УС Опен: Ѓере го намачи Ѓоковиќ, но мораше да се предаде поради повреда

632

Актуелниот олимписки шампион Новак Ѓоковиќ jа продолжи својата победничка серија која започна во Париз и во втората рунда на последниот Грен Слем сезонава. Имено, тој славеше над својот сонародник Ласло Ѓере (109. играч во светот) во меч кој не го доживеа крајот, откако Ѓере го предаде поради повреда при водство на Ѓоковиќ 6:4, 6:4, 2:0.

Во дуелот на двајцата српски претставници, Ѓере му зададе многу мака на Ѓоковиќ, држејќи го на теренот два часа и 16 минути, но се повреди на крајот од вториот сет.

Следен противник на Ѓоковиќ е Австралиецот Алексеј Попирин, кој лесно го совлада Шпанецот Педро Мартинез со 6:2, 6:4, 6:0 и ја освои својата прва титула на Мастерс 1000 во Монтреал во средината на август.

Пласман во третото коло обезбедија и четвртиот носител Зверев по победата од 3:0 над Милер од Франција, како и осмиот фаворит Норвежанецот Руд кој во четири сета беше подобар од Монфилс со 3:1.

ПретходноФараните го објавија составот за Македонија, во списокот и Едмундсон од Шкупи
СледноМакедонските кик-боксери јуниори ќе се борат за две злата на СП во Будимпешта