Челзи изгуби од Сервет, но помина во групната фаза, Ларне од С.Ирска испиша историја

1549

Екипата на Челзи продолжува по принципот топло-ладно. Вечерва во реванш мечот од плеј-офот во Лигата на конференции „сините“ изгубија на гостувањето кај Сервет со 2:1. Благодарение на победата на првиот меч во Лондон од 2:0 избраниците на Енцо Мареска избегнаа брука.
Челзи поведе во 14 минута со гол од пенал на Нкунку. Потоа Сервет го сврте резултатот со голови во 34. и 72. минута и со можност за уште еден гол за да го елиминираат големиот и прескап Челзи.
Тоа не се случи, па „сините“ ќе ги гледаме во групите на ЛК.
А Ларне е првата екипа од Северна Ирска која ќе игра во групи на едно европско натпреварување. Тие беа подобри од Линколн од Гибралтар во двата меча и се пласираа во групната фаза на ЛК.

ПретходноАлкалоид победнички на пријателскиот меч во Србија
СледноГолем кикс на „Кралевите“ – одиграа реми со Лас Палмас