Француската тенисерка Каролине Гарсија е поразена на стартот на УС Опен од мексиканската тенисерка Рената Заразуа по што доби многу негативни коментари на социјалните мрежи.
Таа ги сподели заканите кои ги добивала таа и нејзината фамилија. Гарсија одлучи да прозборува за ова.
„Социјалните мрежи би требало да спречат злоставување. Турнирите и спортот продолжуваат да се поврзуваат со обложувалниците кои постојано привлекуваат нови корисници. Поминаа деновите кога производителите на цигари го спонзорираа спортот, сега се промовираат обложувалници кои активно уништуваат животи на некои луѓе. Немојте погрешно да ме сватите, не велам дека треба да се забранат, но не би требало да се промовираат.
Јас сум нормална девојка која напорно работи и давам се од себе да бидам подобра и подобра. Навистина сум загрижена за младите играчи кои доаѓаат и кои мораат да го поминуваат сето ова“, напишала Гарсија.
This are some of the messages I received lately after loosing some matches. Just a few of them. There’s hundreds. And now, being 30 years old, although they still hurt, because at the end of the day, I’m just a normal girl working really hard and trying my best, I have tools and… pic.twitter.com/q4djrfLfx9
— Caroline Garcia (@CaroGarcia) August 28, 2024