Официјално: Лукаку во дресот на Наполи! (ФОТО)

72

Сега веќе е официјално. Ромелу Лукаку е новиот напаѓач на Наполи. Ова попладнево и официјално го објавија луѓето од клубот од под Везув. Се пофалија дека успеале да ангажираат една таква ѕвезда како репрезентативецот на Белгија, некогашен играч на Челзи, Манчестер Јунајтед, Интер, Рома…

Да потсетиме дека сагата околу Лукаку траеше речиси цело летоп, но одлучи желбата на самиот играч повторно да игра кај тренерот Антонио Конте со кого кога беа заедно во Интер ја имаше најдобрата сезона во својата кариера.

Лукаку во Наполи ќе зема 12 милиони евра бруто по сезона.

Image

ПретходноПелистер го продолжи договорот со Стефан Ивановски! (ФОТО)
СледноМу се може: Нејмар за секој одигран меч си ќарил од Ал Хилал по 30 милиони евра!