Профилот на социјалната мрежа „Х“ на Килијан Мбапе деновиве бил цел на хакерски напади. Ова го пренесуваат медиумите од Островот, и како што велат затоа се случило да има необични и чудни објави и коментари.
Имено на тој хакиран профил на напаѓачот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Франција, фрчеле навреди кон Лео Меси а пофалби за Кристијано Роналдо.
Навредливите содржини потоа биле избришани.
Инаку ова не е првпат личните профили на социјалните мрежина мега – ѕвездата на Реал Мадрид да бидат хакирани, нешто слично се случи и во 2019 година.