Францускиот интернационалец Гершон Јабуселе по три години го напушта Реал Мадрид и веројатно ќе направи трансфер во Филаделфија во НБА лигата. „Кралскиот клуб“ му се заблагодари на францускиот кошаркар кој имаше одлични настапи на Олимписките игри во Париз.
Јабуселе пред Реал играше за Асвел, Нанџинг, Шангај, Руен и Чорал Роан. Од 2017 до 2019 година играше за Бостон Селтикс.