Арда Ѓулер со поддршка за Мбапе: “Верувам во тебе“!

507

И дефинитивно Килијан Мбапе нема старт од соништата во дресот на Реал Мадрид. Сега веќе вела Европа го “исмејува“, фановите на Барса и останатите клубови му фаќаат сеир на најдобриот фудбалер во светот кој на трите меча во Ла Лига никако не може да постигне гол а упатил дури 17 удари.

Јасно е дека Мбапе кога тогаш ќе “проработи“, но засега неговиот придонес е очаен.

Знаејќи го тоа, Арда Ѓулер, младиот турски интернационалец во дресот на Реал Мадрид одлучи јавно да му изрази поддршка на својот клупски колега.

Па така на своите социјални мрежи Турчинот постираше заедничка фотографија со Мбапе а и додаде:

Верувам во тебе“…

Ова наиде на воодушевување кај сите во Реал а посебно кај фановите на “кралевите“.Image

ПретходноРепрезентативците Маџунков и Илиев го облекуваат дресот на Струмица
СледноЛудило во ЛШ: Последното коло ќе се игра во еден ден, на програмата ќе бидат дури 18 мечеви во исто време!