Утре во 16 часот на Градскиот стадион во Тетово, во меч од 4.коло во ПМФЛ, лидерот Шкендија го дочекува Пелистер. Јасно е дека тетовци посакуваат победа, прва на свој терен.
Но, нема да биде лесно, тоа го знаат сите во таборот на Шкендија, а за клупскиот сајт тоа го потврдува и Валон Ахмеди кој на минатиот меч со Брера во Струмица покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на стратегот Јетон Беќири:
„Едвај чекаме да почне овој натпревар. Максимално сме подготвени, Пелистер е добар тим, нема да биде лесно, но ние одиме на победа. Максимално мотивирани ќе влеземе на овој натпревар и со помош на нашите фанови, „Балистите“, посакувам да остварием победа и да освоиме три нови бода. Сакам да додадам Шкендија сеуште не го покажа досега она најдоброто од себе. Убеден сум дека овој тим може уште подобро“ рече покрај другото Ахмеди.