Каков трансфер: 80 милиони евра за Наполи, за Осимен – 160.000.000!

1480

Виктор Осимен сепак оди во Саудиска Арабија. Скај Спорт штотуку ја објави информацијата дека Наполи ја прифатил понудата на Ал Ахли до 80 милиони евра, а Осимена чека договор до 2028 година со годишна плата до 40 милиони. Со други зборови, ако остане до крајот на договорот, ќе инкасира астрономски 160 милиони евра.

Осимен цело лето беше поврзуван со Челзи, но Англичаните не можеа да парираат ниту толкаво обештетување, а уште помалку платата што Нигериецот ја добиваше од Арапите.

Нигериецот на почетокот на летото флертуваше со Пари Сен Жермен, се надеваше дека ќе биде замена за Килијан Ембапе, но Луис Енрике ги прекина преговорите.

Во текот на летото ниту еден клуб не беше ни блиску да ја плати огромната цифра што ја бараше Аурелио Де Лаурентис, па Арапите го искористија и ова лето.

Од друга страна, финансиски Осимен ќе биде „среден“ за следните неколку генерации, иако од спортски аспект нема да покаже дали можеше да биде еден од најдобрите напаѓачи во Европа во посилна лига.

ПретходноПартизан подготвува „бомба“ – охриѓанецот Џеди Осман
СледноАнчелоти: Не смееме да бараме изговори