Последен ден од преодниот рок во Топ 5 лигите: Се очекува трансфер од 100 милиони евра

793

Летниот преоден рок започна на почетокот на јули во повеќето најсилни европски лиги. Во Топ 5 лигите пет трае до 30 август, поточно до полноќ.

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен веројатно ќе биде најголемата приказна на денот на крајот од преодниот рок. Италијанските медиуми пишуваат дека додека тој ја разгледува понудата на Челзи, Ал Ахли му нуди 160 милиони евра за четиригодишен договор. Договорот ќе вклучува и клаузула за негово можно враќање во Европа веќе следната сезона.

Наполи го заштити со клаузула од 130 милиони евра, но се верува дека би прифатил 100. Првата понуда на Ал Ахли беше многу помала и изнесуваше 70 милиони.

Останува да видиме како ќе заврши сето ова.

ПретходноАлкараз по изненадувачката елиминација: Причината не е Ѓоковиќ!
СледноНовинарите не го знаеја неговото име: Холанѓанецот кој го скрши Алкараз сакал да се пензионира!