Австрискиот централен дефанзивец Кевин Дансо, нема да потпише со екипата на Рома.
25-годишниот фудбалер се договори да ја напушти екипата на Ленс и да замине во Италија, но тој не успеал да ги помине лекарските прегледи во Рим и поради тоа неговиот трансфер пропадна. Ленс ќе ја истражува оваа ситуација, со оглед на тоа што фудбалерот минатата сезона одигра повеќе од 30 настапи, но на лекарските прегледи тој се покажал како недоволно спремен.
Според тамошните извори, Ленс најверојатно ќе поднесе тужба против Рома.