Алкараз по изненадувачката елиминација: Причината не е Ѓоковиќ!

2560

Карлос Алкараз е елиминиран на УС Опен веќе во второто коло. Подобар од него на беше искусниот Холанѓанец Ботик ван де Зандшулп, кој го победи во три сета 6:1, 7:5, 6:4. Шпанскиот тенисер по мечот беше лут и истакна дека не знае што да прави на теренот и како да го нападне својот ривал.

“Тој беше неверојатен. Воопшто не ми даваше поени, не правеше грешки, што го очекував. Како да ме вознемируваше. Моето ниво не беше цело време исто, а тоа не беше доволно за да си дадам шанса да победам. Направив многу грешки, не ја удирав добро топката. Кога се обидов да се вратам, веќе беше доцна“, изјави Алкараз.

Психички не беше на нивото на кое требаше и изгледа се уште не успеа да го преболи поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри во Париз. Како што вели, не играл само против Ботик ван де Зандшулп, туку и против себе.

„Тоа беше борба со себе, во мојот ум за време на натпреварот. Во тенисот играш против некој кој сака исто како тебе, да победи, и треба да бидеш што е можно помирен за да размислиш подобро и да се обидеш да го направиш тоа. Не можев да ги контролира емоциита“.

Новинарите забележаа дека можеби е проблем поразот од Новак, но Алкараз веднаш одмавна со главата.

„Поразот од Новак воопшто не ме вознемири пред да дојдам овде. Ми беше тешко еден час после натпреварот, а потоа бев горд бидејќи и донесов сребро на мојата земја. Мислам дека најголемиот проблем беше што не се подготвив добро психички за овој турнир, немав време, сепак, се е школо, ќе научам нешто од ова“, заклучи Алкараз.

ПретходноШокантен пораз за Алкараз во 2. коло на УС Опен
СледноПоследен ден од преодниот рок во Топ 5 лигите: Се очекува трансфер од 100 милиони евра