Генералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФСМ за младинските првенства

182

Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис и неговиот колега од секторот задолжен за националните федерации, Михал Конечни, денес остварија работна посета во канцелариите на Кошаркарската Федерација на КФСМ.

Заглис повторно се сретна со Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, Генералниот Секретар Владимир Георгиевски и со Спортскиот Директор Марјан Србиноски.

Генералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФСМ на двете најголеми континентални младински првенства за ова лето. Се разговараше и за претстојните настани на националните А-селекции како и за новите проекти на КФСМ.

ПретходноУште една сензација на УС Опен: Двократната шампионка го заврши својот настап
СледноКлоп им го исполни сонот на параолимпијците