Е. Пелистер подобар и од Татабања на ТВ турнирот во Добој

143

Ракометарите на Е. Пелистер ја остварија и втората победа на ТВ Турнирот во Добој. По тесната победа над Црвена Звезда, битолчани денска со пресврт во второто полувреме успеаја да слават и на средбата со унгарска Татабања, овој пат со резултат 32:29.

Унгарците одиграа цврст меч и во добар дел од овие 60 минути успеваа да се одржат во водство. На полувреме Татабања имаше предност од еден гол (16:15), а во вториот дел мечот беше во егал се до завршните десетина минути, кога благодарение на добрите интервенции на Ивиќ, битолчани направија комплетен пресврт и преминаа во водство (28:25).

До крајот Е. Пелистер ја одржа разликата и дојде до нова победа. Радивојевиќ постигна 7, додека Хосни имаше 6 гола во победата на нашиот шампион.

ПретходноИнтер ја демолираше Аталанта
СледноФенер го договори трансферот на Асенсио