Министерот Ристовски најави дека со посебна програма ќе се помага врвниот спорт!

156

Денеска на прес – конференција имаше министерот за спорт Борко Ристовски.

Тој се осврна на повеќе теми во врска со горливите проблеми со кои се соочува нашиот спорт, а исто така имаше што да каже и на поставените прашања, се разбира дека нај интересно беше со финансирањето на клубовите и спортистите според новата Национална стратегија на новата влада на Р. Македонија.

Во врска со ваучерите Ристовски кажа дека ќе се направат напори тие да бидат исплатени наскоро.

Олимпијците во Париз ги испративме без ниту еден денар од ваучерите што им следуваат. Овие средства досега не се исплатени, тие се законска обврска на државата и тие ќе бидат исплатени“ рече покрај другото министерот Ристовски.

Убава вест за сите тие кои се во врвниот спорт е тоа дека ќе бидат издвоени 1,35 милиони евра за помош на врвниот спорт, односно помош за спортистите кои ќе ја претставуваат Македонија во меѓународни рамки.

Можам да најавам дека се отвора нова програма која ќе значи субвенционирање на врвниот спорт. Тоа е дел од средствата кои влегуваат во буџетот од игрите на среќа. Ова се прави со цел спортистите и клубовите да остварат уште подобри резултати“.

ПретходноПосле пет години се врати во НБА-лига, ќе игра со Ембид
СледноПознати се сите натпревари во новиот формат и во ЛЕ!