Никој во најсилните европски лиги не промашувал како Мбапе

946
Фото: FC Real Madrid/Twitter

Килијан Мбапе одлично ја започна својата кариера во Реал Мадрид. Тој постигна гол во победата против Аталанта во Суперкупот на УЕФА од 2-0, но потоа застана и остана неактивен во следните 264 минути низ лигашките натпреварувања во Шпанија. Во моментов нема играч во најдобрите пет европски лиги кој упатил повеќе шутеви кон противничките голови од него. Сепак, Мбапе се уште го чека првенствениот гол.

Тоа го потенцира и шпанскиот Ас, анализирајќи што има направено досега во Реал. Тој пристигна во клубот, откако таму го очекуваа со години, како слободен играч откако му истече договорот со Пари Сен Жермен. Тој во тој период потпиша петгодишен договор со огромна заработка.

Според информациите, Мбапе ќе заработува 15 милиони евра по сезона. Дополнително, тој доби и 100 милиони евра бонус кој ќе му биде исплатен во текот на годините на договорот, односно 20 милиони евра годишно. Покрај сето тоа, тој има и 80% сопственост на своите „права за именување“ од кои се очекува да заработува исто така околу 15 милиони евра годишно. Кога се ќе се собере се доаѓа до бројка од 50 милиони евра годишна заработка.

Мбапе досега упати 17 удари кон головите на Мајорка (одигра 90 минути), Ваљадолид (86 минути) и Лас Палмас (90 минути). Напаѓачот, кој постигнуваше 40+ голови по сезона во последните четири години, се уште не може да ја смести топката во мрежата во Ла Лига.

„Тоа не е затоа што не се обидува, не е поради неговиот став и не е поради неговото учество во играта. Француската ѕвезда се обидува, се ослободува од противникот и ја бара топката“, пишува Ас и додава дека и покрај сето ова, на Мбапе не му оди како што замислил.

„Против Мајорка имаше четири шута, како и против Ваљадолид и девет против Лас Палмас. Ниту еден од нив не резултираше со гол“, се додава, наведувајќи дека нема играч во најсилните европски лиги кој шутирал повеќе и останал на нула кон целта. Во француското првенство за секој гол во просек му требаа 4,4 шута.

ПретходноКлоп им го исполни сонот на параолимпијците
СледноОфицијално: Андреј Магдевски повторно во дресот на МЗТ Скопје!