Новајлијата на Арсенал го чека подолга пауза: Дојде пред три дена, а веќе се повреди

311

Новото засилување за Арсенал, Микел Мерино заработи повреда на рамото на тренинг, само три дена откако потпиша за својот нов клуб.

„Тоа е жално. Тој има повреда на рамото и се чини дека ќе отсуствува неколку недели. Слета на тревникот, а Габи падна над него и веројатно има скршеница“, изјавил менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Лондонскиот клуб платил 32+5 милиони фунти  за трансферот на шпанскиот репрезентативец, кого го чека непланирана пауза. Мерино беше играч на Реал Сосиедад од 2018 година.

ПретходноЛудило во ЛШ: Последното коло ќе се игра во еден ден, на програмата ќе бидат дури 18 мечеви во исто време!
СледноАнтони одби да оди на позајмица во Бетис, Манчестер Ј. ја прифати неговата одлука