Новинарите не го знаеја неговото име: Холанѓанецот кој го скрши Алкараз сакал да се пензионира!

250

Помина многу во кариерата, а сега успеа да ја оствари најголемата победа. Искусниот Холанѓанец Ботик ван де Зандшулп го победи Карлос Алкараз на УС Опен само две години откако мораше да им го повтори своето име на новинарите во Њујорк и да им го објасни своето.

„Ботик ван де Зандшулп… Да, малку е незгодно со ш“, изјави холандскиот тенисер во 2022 година, кој сега го совлада поранешниот број еден со 6:1, 7:5, 6:4.

Откако го победи поранешниот најдобар играч на светот и финалист на Олимписките игри, откри дека пред само неколку месеци размислувал да стави крај на кариерата. 28-годишниот Холанѓанец моментално е 74. на АТП листата, што е далеку од 22. место кое го држеше во 2022 година. Претходно знаеше дека ќе стигне до четвртфиналето во Њујорк, но повредите го натераа да размисли дали е време да ја заврши кариерата.

„Да, размислував да се пензионирам, се разбира поради начинот на кој се одвиваа работите. Се повредив минатата година, се уште имам проблеми со таа повреда. Продолжив да играм со болките и имаше шанси да престанам. Се разбира, си дадов рок до крајот на годината да видам како ќе напредуваат работите, но сериозно размислував да се пензионирам“, рече Ван де Зандшулп, кој додаде:

„Всушност, немам многу емоции во моментов, можеби сè уште ги процесирам. За неколку часа или утре ќе почувствувам сè, можеби утре ќе бидам поемотивен поради тоа што се случи“, рече Ботик ван де. Зандшулп.

ПретходноПоследен ден од преодниот рок во Топ 5 лигите: Се очекува трансфер од 100 милиони евра
СледноПартизан подготвува „бомба“ – охриѓанецот Џеди Осман