Партизан подготвува „бомба“ – охриѓанецот Џеди Осман

577

Како што пренесува „Инсајд Евролига“, кошаркарскиот клуб Партизан подготвува вистинска „бомба“ на крајот од преодниот рок, а се работи за одличниот НБА играч и турски репрезентативец Џеди Осман.

Џеди Осман, според нивните информации, има понуди од Партизан и Анадолу Ефес и главна желба му е да остане во НБА лигата, но ги разгледува и понудите на овие два клуба.

Црно-белите за кратко време го комплетираа составот и единствено место им остана крилниот центар да ја довршат приказната, а според споменатиот извор изборот паднал на кошаркарот кој е роден во Охрид, а веќе го носеше дресот на Анадолу Ефес и настапуваше за Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс во НБА.

Ги покрива позициите крилен и крилен центар и е одличен шутер, а има и многу добри атлетски способности што би го направиле одлично засилување за секој тим во Евролигата.

ПретходноНовинарите не го знаеја неговото име: Холанѓанецот кој го скрши Алкараз сакал да се пензионира!
СледноКаков трансфер: 80 милиони евра за Наполи, за Осимен – 160.000.000!