Екипата на Бутел Скопје продолжува со подготвителните мечеви пред стартот на новата сезона. Избраниците на Горан Кузманоски одиграа два пријателски натпревари во Србија, а на истите остварија поливчен ефект.
На првата средба, македонскиот тим беше минимално поразен од Партизан со 25-24, додека на вториот меч пак славеа против Југовиќ Каќ со 26-24.
До стартот на сезоната во Суперлигата, Бутел Скопје го очекува уште настапот на меморијалниот турнир во Ѓаково во чест на Денис Тот.