Раководството на Кошаркарската Федерација на Македонија, дениве на гости го имаше Генералниот Секретар на ФИБА, Андреас Заглис кој беше во работна посета на Македонија заедно со својот соработник Михал Конечни, кој работи во доменот на националните федерации во ФИБА.
Поранешниот кошаркар кој од 2016 година работи во ФИБА, беше назначен за Генерален Секретар откако едногласно беше избран на Централниот Одбор на ФИБА. Тој ја презема функцијата која ја наследи од Патрик Бауман во декември 2018 година.
„Задоволство и чест е да се работи за кошарката и да се стави во служба на нашите играчи, клубови, лиги и на крајот нашите членови односно Националните кошаркарски федерации. И покрај тоа што Македонија е мала земјата во споредба со другите во Европа, Националната федерација е лидер на континентот во организирање на младински турнири на Евробаскет: 8 во периодот 2021-2024 година. Верувам дека довербата ја докажува само овој факт. Ние даваме поддршка не само затоа што тоа е наша мисија, туку и затоа што гледаме страсни луѓе кои работат за нашиот спорт во Федерацијата. Развојот на играчите е долг процес и нема скратена постапка. Федерацијата има претерано постигнувања во оваа област кога станува збор за организација, а видливи се и првите резултати на теренот, како неодамнешниот успех на момците до 18 години. Претседателот Антиќ беше признат од Централниот одбор на ФИБА преку неговото назначување во светската комисија за натпреварување на ФИБА, како еден од само 8-те луѓе на глобално ниво во групата посветена на младинските репрезентации. Истото важи и за генералниот секретар Георгиевски на европско ниво. Сепак, не можеме да застанеме, па затоа денеска разговаравме како дополнително да се подобри идентификацијата и развојот на таленти во земјата и како ФИБА може дополнително да помогне во овој процес“, изјавил Заглис.