Пропадна трансферот на Дансо во Рома

85

Австрискиот централен дефанзивец Кевин Дансо, нема да потпише со екипата на Рома.

25-годишниот фудбалер се договори да ја напушти екипата на Ленс и да замине во Италија, но тој не успеал да ги помине лекарските прегледи во Рим и поради тоа неговиот трансфер пропадна. Ленс ќе ја истражува оваа ситуација, со оглед на тоа што фудбалерот минатата сезона одигра повеќе од 30 настапи, но на лекарските прегледи тој се покажал како недоволно спремен.

Според тамошните извори, Ленс најверојатно ќе поднесе тужба против Рома.

ПретходноПрвиот оперативец на ФИБА е во Скопје: Македонија е лидер во организација на младински турнири
СледноТомас Паласиос потпиша со Интер