Менаџерот на Ливерпул, Анри Слот зборува пред неговото прво официјално дерби со Манчестер Јунајтед како менаџер на „црвените“. Двата тима ќе се сретнат на „Олд Трафорд“ во недела, откако Ливерпул ги победи „црвените ѓаволи“ со 3-0 во САД во претсезоната. Слот откри дека новото засилување Федерико Киеза најверојатно нема да биде во тимот за големиот судир. Неделното дерби ќе ги одмери силите со Слот против сонародникот Ерик тен Хаг. Според менаџерот на Ливерпул, двајцата се во добри односи, но не и пријатели бидејќи не се познаваат доволно добро.
„Не очекувам ништо да се случи во последниот ден од преодниот рок, но работите не се многу поразлични од претходните денови, па ако видиме добра можност, би можеле да дејствуваме“.
Во врска со трансферот на Федерико Киеза, Слот го рече следново:
„Возбуден сум. Кога ќе донесеме некој кој може да ни помогне да ги постигнеме нашите цели или да го подобриме нашиот тим, ние сме возбудени. Киеза е играч кој може да ни помогне. Една од најдобрите работи овде е културата на тимот. Секој работи напорно за да ги постигне своите цели.
Федерико ќе тренира денеска, но поверојатно е да не биде во составот за недела. Ако дојде до некоја повреда, можеби ќе ни треба. Во моментов не очекувам да биде во групата, но не можам да гарантирам“.
Предводникот на Ливерпул очекува сосема поинаков меч од оној во САД.
„Во САД игравме против Јунајтед пред 80.000, но сега атмосферата ќе биде поинаква бидејќи не очекувам пола стадион да ни вика. На теренот ќе има и многу различни играчи. Сите знаат колку е важен овој натпревар против Јунајтед. Имам добар, нормален однос со Тен Хаг. Како што ги имам и другите. Би ги нарекол многу добри затоа што се почитуваме поради она што го правевме во нашите поранешни клубови. Дали сме пријатели? Пријател е некој со кого често се гледате и одите на вечера. Не го познаваме доволно добро“.