Уште една сензација на УС Опен: Двократната шампионка го заврши својот настап

1653

Наоми Осака го освои УС Опен двапати во три години, но од 2020 година има три победи на четвртиот Грен слем во сезоната.

Прво испадна во третото коло, потоа во првото, пропушти една година откако стана мајка, а сега испадна во второто коло.

По еден час и 36 минути таа беше поразена од Каролина Мухова – 3:6, 6:7 (5:7).

Првиот сет Мухова го доби релативно лесно, но во вториот Осака имаше три меч топки кои не ги искористи. Чешката тенисерка го внесе мечот во тај-брејк и на крајот победи.

Од друга страна, за мажите немаше изненадувања до крајот на денот по Алкараз.

Рускиот тенисер Данил Медведев рано утринава во Њујорк го мина второто коло совладувајќи го Унгарецот Фабијан Марозан со 6:3, 6:2, 7:6.

Во следното коло ќе игра против Италијанецот Флави Коболи, 31. тенисер во светот.

ПретходноАнчелоти: Не смееме да бараме изговори
СледноГенералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФСМ за младинските првенства