Фенер го договори трансферот на Асенсио

987

Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на ПСЖ Марко Асенсио, кариерата ќе ја продолжи во турскиот гигант Фенербахче.

Како што јавуваат светските медиуми 28-годишниот фудбалер ќе си замине од францускиот тим и ќе потпише за Фенербахче. По заминувањето од Реал Мадрид пред две сезони, крилниот фудбалер не успеа да се приспособи на новата средина и немаше задоволителна сезона во дресот на ПСЖ. На 30 натпревари предходната сезона, Асенсио постигна само 5 погодоци. Францускиот тим имаше можност да го вклучи Асенсио во зделката за потпишување на Виктор Осимен од Наполи, но нигериецот се реши да ги прифати арапските милиони и најверојатно ќе потпише за Ал Ахли.

Фенербахче додатно ќе се засили по доведувањето на Софијан Амрабат од пред неколку дена.

ПретходноЕ. Пелистер подобар и од Татабања на ТВ турнирот во Добој
СледноНова сензација на УС Опен – Попирин го спакува Ѓоковиќ