Мато Роџерс, еден од најдобрите фудбалери на Брера Струмица, како што известуваат од таборот на струмичани, доби повик од Уганда за настап за својата селекција.
Мато и досега беше репрезентативец на својата земја, а одличните настапи за Брера само уште повеќе придонесоа да биде во конкуренција за квалификациите за Африканскиот Куп на Нации.
Досега Мато за репрезентацијата на Уганда има одиграно на 23 натпревари и постигнато два гола.