Анчелоти: Не смееме да бараме изговори

332

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека нема оправдување за лошиот почеток на неговата екипа на сезоната во шпанското првенство. Од изминатите три кола во Примера, Реал оствари една победа, 3-0 дома против Ваљадолид, но и ддве ремија 1-1 на гостувањето кај Мајорка и Лас Палмас. Така тимот веќе заостанува четири бода зад лидерот во рангирањето, Барселона.

“Очигледно е дека ни недостасува синхроничност од минатата сезона. Но, не смееме да бараме изговори. Мора брзо да се опоравиме бидејќи в недела имаме уште еден важен натпревар”, изјави Анчелоти по ремито против Лас Палмас. “Јас самиот морам да им дадам појасни инструкции на играчите за тоа што сакам од нив. Ова е процес кој се покажува како потежок отколку што очекувавме. Мора да работиме повеќе во оваа насока”, изјави Италијанецот.

Искусниот стратег на Реал потенцира дека немаат психолошки проблеми.

„Во моментов не играме со потребните загубени топки. Го немаме потребното движење и кога топката ќе заврши во нашите напаѓачи, тие веќе имаат дефанзивци. Кога топката не е во наш посед, оставаме премногу простор зад нас. Мислам дека немаме психолошки проблем. Сите во тимот тренираат добро. Само треба да го најдеме нашиот начин на игра. Засега работите не функционираат и мораме да најдеме решение наскоро“. 

ПретходноКаков трансфер: 80 милиони евра за Наполи, за Осимен – 160.000.000!
СледноУште една сензација на УС Опен: Двократната шампионка го заврши својот настап