Валон Ахмеди: Шкендија оди на победа против Пелистер!

82

Утре во 16 часот на Градскиот стадион во Тетово, во меч од 4.коло во ПМФЛ, лидерот Шкендија го дочекува Пелистер. Јасно е дека тетовци посакуваат победа, прва на свој терен.

Но, нема да биде лесно, тоа го знаат сите во таборот на Шкендија, а за клупскиот сајт тоа го потврдува и Валон Ахмеди кој на минатиот меч со Брера во Струмица покажа дека ќе биде големо засилување за тимот на стратегот Јетон Беќири:

Едвај чекаме да почне овој натпревар. Максимално сме подготвени, Пелистер е добар тим, нема да биде лесно, но ние одиме на победа. Максимално мотивирани ќе влеземе на овој натпревар и со помош на нашите фанови, „Балистите“, посакувам да остварием победа и да освоиме три нови бода. Сакам да додадам Шкендија сеуште не го покажа досега она најдоброто од себе. Убеден сум дека овој тим може уште подобро“ рече покрај другото Ахмеди.

ПретходноНајдобра во светот: Марија Димовска со злато од СП во кик-бокс во Будимпешта!
СледноУште неколку часа до крајот на летниот преоден рок: Осимен, Санчо, Стерлинг, Коман….