Денеска во Монако со ждрепка беа одредени сите мечеви во новата сезона и во Лигата на Конференции, третото по ранг европско клупско натпреварување.
Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука) и Дарко Чурлинов (Јагелонија) се двајцата наши интернационалци кои ќе играат во ЛК.
Шишко и неговиот Борац за свои ривали ги добија екипите на Панатинаикос, Ласк, Апоел, Омонија, Шамрок Роверс и Викингур.
Додека Чурлинов и Јагелона ги добија за противници овие екипи: Копенхаген, Молде, Олимпија, Млада Болеслав, Цеље и Петрокуб.