Новото засилување за Арсенал, Микел Мерино заработи повреда на рамото на тренинг, само три дена откако потпиша за својот нов клуб.
„Тоа е жално. Тој има повреда на рамото и се чини дека ќе отсуствува неколку недели. Слета на тревникот, а Габи падна над него и веројатно има скршеница“, изјавил менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
Лондонскиот клуб платил 32+5 милиони фунти за трансферот на шпанскиот репрезентативец, кого го чека непланирана пауза. Мерино беше играч на Реал Сосиедад од 2018 година.