Победа и пораз за Бутел Скопје во Србија

46
Фото: РК Бутел Скопје

Екипата на Бутел Скопје продолжува со подготвителните мечеви пред стартот на новата сезона. Избраниците на Горан Кузманоски одиграа два пријателски натпревари во Србија, а на истите остварија поливчен ефект.

На првата средба, македонскиот тим беше минимално поразен од Партизан со 25-24, додека на вториот меч пак славеа против Југовиќ Каќ со 26-24.

До стартот на сезоната во Суперлигата, Бутел Скопје го очекува уште настапот на меморијалниот турнир во Ѓаково во чест на Денис Тот.

 

 

ПретходноУдри во заштитната ограда: Наследникот на Хамилтон имаше несреќно деби во Монца! (ВИДЕО)
СледноГостивар се засили и со Дарко Соколов!