Вечерва и официјално завршува летниот преоден рок во најсилните лиги во Европа. Во Премиер-лигата, Ла Лига и Серија А трансфери може да се прават до 20 часот, во Бундеслигата до 20 часот а во Лига 1 до 23 часот.
Еве на кои трансфери треба да се обрне внимание.
Виктор Осимен има фантастична понуда од С. Арабија, но во игра е и Челзи. Наполи притиска за Ал Ахли ама на Нигериецот му се останува во Европа. Сепак 40 милиони евра по сезона може да одлучат тој да замине во С. Арабија.
Џејдон Санчо е име кое се поврзуваше со Јувентус, сепак тој “бомба“ трансфер како да пропаѓа, а денеска Ерик Тен Хаг најави дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед најверојатно останува на “Олд Трафорд“.
Рахим Стерлинг како никој да не го сака, а Челзи посакува по секоја цена да го продаде. Очајот на “сините“ оди до таму да му го нудат на Арсенал за багатела па дури и да дадат на позајмица на “Емирејтс“ и пола плата тие да му ја плаќаат.
Адриен Рабио сеуште нема клуб. Се говореше за Барса, но тоа дефинитивно отпаѓа како опција. Сега се шпекулира за Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
Кингсли Коман треба да одлучи дали и дефинитивно ќе ја прифати понудата од С. Арабија. Баерн Минхен посакува тоа да се случи. Сега се шпекулира со трансфер со Арсенал, но тоа е малку веројатно.