Васоски: Најважно е дека Силекс победи, Шкупи покажа дека е квалитетен тим!

566

Попладнево во Кратово во меч од 4.коло во ПМФЛ, Силекс со 2:1 успеа да го победи Шкупи и да дојде до втората својата победа сезонава. Секако дека тренерот на кратовци Александар Васоски треба да биде задоволен по оваа екстра значајна победа.

Да, многу значајна победа на Силекс и големи три бода. Уште пред мечот знаевме дека ќе биде тешко, Шкупи покажа дека е квалитетен тим, сепак мислам дека ние бевме подобри. Секако дека сум задоволен, ама во нешто не сум. Не требаше да примиме гол за 2:1 па во финишот да се тресиме што се вели. Сепак најважна е победата. Сега во оваа репрезентативна пауза ќе ги анализираме грешките со цел да бидеме упште подобри“ изјави за “СпортСпорт“ стратегот на кратовци Александар Васоски.

ПретходноЕвертон си водеше 2:0 до 87 минута, а потоа го загуби мечот!
СледноБразилецот Еванжелиста и Французинката Жиус победници на 37. Охридски пливачки маратон