ПМФЛ: Воска слави на Арената, Струга ТЛ и Шкендија убедливи, победи и Силекс, без голови во Гостивар и Кавадарци! (ВИДЕО)

909

Попладнево се одиграа сите шест меча од 4.коло во ПМФЛ.

Воска со подобра игра, посебно во второ полувреме успеа да слави на Арената во Скопје со 1:3 на гостувањето кај Вардар.

Ибраими, автогол на Мециновиќ и прекрасниот гол на Јахја беа пресудни тимот од Охрид да слави убедлива победа, апсолутно заслужена, против тимот на Вардар. Голот за вардарци беше дело на Шаркоски. Ова е втор пораз во вториот меч како тренер на Вардар, на Горан Петрески – Чунга.

Струга ТЛ им се врати на победите. Јевтоски и Кехинде погодија за 2:0 проив Брера. Ова е трет пораз во серија за струмичани. Не му оди на тренерот Бојан Круљ.

Шампионот покажа квалитетно издание, покажа зошто е шампион. Треба да се каже дека гостите цело второ полувреме играа со играч помалку.

Шкендија под Шара со головите на Цаке и Крстевски успеа да го победи Пелистер, па така тетовци и по ова коло се лидери на табелата во нашата елитна лига.

Во Гостивар екипите на Беса и Работнички одиграа 0:0. Гостите од Скопје го продолжија трендот на позитивни резултати, сега по 4.коло имаат 8 бодови, секако дека ова е голем успех за тимот на тренерот Горан Станиќ.

Исто без голови се играше и во Кавадарци, каде Тиквеш иако посакуваше три бода против Гостивар, сепак не успеа да ја начне мрежата на гостите. Свое деби на голот на Тиквеш имаше Ристе Јанков.

Силекс по многу борба успеа да го победи Шкупи со 2:1. Ефтимов и Ѓорѓиевски донесоа 2:0, за да Имери намали на 2:1. Гостите преку Ибиши не реализираа пенал, голманот Џеков одбрани.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 4.КОЛО

БЕСА – РАБОТНИЧКИ 0:0


ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 2:0

(Цаке 58., Крстевски 75./)


СИЛЕКС – ШКУПИ 2:1

(Ефтимов 24, Ѓорѓиевски 60./Имери 84.)


СТРУГА ТЛ – БРЕРА 2:0

(Јевтоски 64., Кехинде 70./


ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 0:0


ВАРДАР – ВОСКА 1:3

(Шаркоски 87./Д. Ибраими 53., Мециновиќ (авт) 62., Јахја 66.)

ПретходноБундеслига: Први победи за Ајнтрахт и Борусија (М), Штутгарт „киксна“ дома
СледноЕвертон си водеше 2:0 до 87 минута, а потоа го загуби мечот!