Уште една „бомба“ на Островот: Јунајтед и Челзи постигнаа договор за Санчо

269

Челзи и Манчестер Јунајтед навреме ги потпишаа сите документи за договорот со Џејдон Санчо, открива Фрабрицио Романо, специјалистот за трансфери. Челзи достави две понуди: едната валидна на позајмица со опција за купување, другата на позајмица со обврска.

Манчестер Јунајтед ја прифати понудата за позајмица со загарантирана обврска за купување доколку Челзи заврши од позицијата 1 до 14 во Премиер-лига.

Надоместокот започнува од 20 милиони фунти загарантирани и може да достигне до 25 милиони фунти во додатоци врз основа на изведбите на Санчо.

Официјалната изјава на Челзи следува денеска.

ПретходноАрсенал и Челзи се договорија за Стерлинг
СледноПопирин: После Алкараз си помислив – зошто да не денеска?