Веста за трансферот на Стерлинг во Арсенал е „бомбата“ на фудбалскиот пазар во последниот ден од преодниот рок.
Долго чекавме некој да излезе со официјално соопштение, откако беше објавено дека фудбалерот и „топџиите“ се договориле за личните услови.
На крајот, веднаш по официјалното завршување на преодниот рок добивме потврда од Фабрици Романо, фудбалски инсајдер, а среде ноќ „BBC“ објави дека трансферот и официјално е завршен.
Договорен е договор за позајмица, а клучен фактор беше менаџерот на Арсенал, Микел Артета, кој беше асистент во Манчестер Сити додека Стерлинг играше таму.
DONE DEAL 🤝 Raheem Sterling’s loan move to Arsenal was completed in time! 🔵🔴
He’s reunited with Mikel Arteta, who he knows well from his time at Manchester City. #DeadlineDay pic.twitter.com/fc0BgD3OOl
— BBC Sport (@BBCSport) August 31, 2024