Атлетико победи на „Сан Мамеш“ со гол во 92 минута

156

Атлетико Мадрид ја запиша втората победа сезонава во Ла Лига откако вечерва славеше против Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ со 1:0. Голот вреден три бода го постигна Анхел Кореа кој по една грешка на домашните фудбалери и брз контра напад, фудбалерот на Атлетико го совлада домашниот голман (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК).
Еспањол со гол во 96 минута го победи Рајо Ваљекано со 2:1. Гостите водеа со гол на Гарсија, изедначи Ромеро во 8 минута. Тимот од Барселона стигна до победата со гол на Велиз во 96 минута.
Претходно Барселона со 7:0 го победи Ваљадолид.

ПретходноХаланд со хет-трик го потона Вест Хем
СледноФеникс се пофали со уште еден Американец