Бразилецот Еванжелиста и Французинката Жиус победници на 37. Охридски пливачки маратон

186

Бразилецот Матеус Еванжелиста во машка и Французинката Каролин Жуис во женска категорија се победници на 37. Охридски пливачки маратон. Бразилецот 25 километри долгата патека „Климе Савин“ од Св.Наум до Охрид ја помина за време од 5 часа, 45 минути и 5 секунди, додека Жуис оствари време од 5 часа 46 минути и 51 секунда. Двајцата маратонци беа први во својата категорија и на двата спринта во Пештани и Метропол.
Марсел Схауле од Холандија заврши втор, а трет заврши македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев. Времето на Поп Ацев изнесуваше 5 часа 46 минути и 52 секунди.
Во женска конкуренција второто место и припадна на Матје Пука од Аргентина, а третото на Инес Делакроа од Франција.

ПретходноВасоски: Најважно е дека Силекс победи, Шкупи покажа дека е квалитетен тим!
СледноЌатип Османи: Задоволен сум од победата, ама Струга ТЛ мора и може подобро!