Бундеслига: Први победи за Ајнтрахт и Борусија (М), Штутгарт „киксна“ дома

50

Попладнево се одиграа пет натпревари од второто коло во германската Бундеслига, а најголемо внимание привлече дуелот меѓу Штутгарт и Мајнц, кој на крајот донесе 6 погодоци, но и поделба на бодовите. Дуелот заврши нерешено 3:3, иако домашните беа многу блиску до победа. Водеа со 2:0 и 3:2 до 94. минута, кога гостите успеаја да погодат за реми – 3:3.

Борусија Менхенгладбах го совлада Бохум со 2:0 како гостин, а двата гола беа постигнати во вториот дел. Во Кил, пак, гостите од Волфсбург го освоија целиот плен. „Волците“ славеа со 0:2 со головите во 27. и 30. Минута.

На дуелот меѓу Вердер и Дортмунд на стадионот во Бремен немаше голови. Конечно, Ајнтрахт го совлада Хофенхајм со 3:1 во Франкфурт и со тоа ја оставри првата победа сезонава.

ПретходноЕХФ го објави летниот ранкинг: Македонија е 18-та, кадетите ќе играат квалификации!
СледноПМФЛ: Воска слави на Арената, Струга ТЛ и Шкендија убедливи, победи и Силекс, без голови во Гостивар и Кавадарци! (ВИДЕО)