Евертон си водеше 2:0 до 87 минута, а потоа го загуби мечот!

140

Неверојатен пресврт на „Гудисон парк“ во Ливерпул. Екипата на Евертон го изгуби дуелот со Борнмут со 2:3 и покрај тоа што водеше со 2:0 до 87 минута. Ова беше меч од 3.коло во најсилната англиска лига, а „карамелите“ го впишаа третиот пораз и имаат нула бодови.
Со головите на Моис Кен и Калверт Луин од 50 до 57 минута, Евертон поведе со 2:0. Ги имаше трите бода во џеб се до финишот кога гостите направија пресврт. Во 87 минута Семејо намали, а во 90+2 минута Кук го изедначи резултатот. Четири минути подоцна Синистера донесе победа за Борнмут.

РЕЗУЛТАТИ
ЛЕСТЕР – АСТОН ВИЛА 1:2
ИПСВИЧ – ФУЛАМ 1:1
НОТИНГЕМ ФОРЕСТ – ВУЛВЕРХЕМПТОН 1:1
БРЕНТФОРД – САУТЕМПТОН 3:1
АРСЕНАЛ – БРАЈТОН 1:1
ВЕСТ ХЕМ – МАН.СИТИ 18:30 ч.

ПретходноПМФЛ: Воска слави на Арената, Струга ТЛ и Шкендија убедливи, победи и Силекс, без голови во Гостивар и Кавадарци! (ВИДЕО)
СледноВасоски: Најважно е дека Силекс победи, Шкупи покажа дека е квалитетен тим!