Жоао Педро не дозволи нова победа на Арсенал, Брајтон со бод од „Емирати“

64

Фудбалерите на Арсенал и Брајтон ремизираа 1:1 во Лондон, во првиот меч од третото коло на англиската Премиер лига. Откако двете екипи победија во воведните две кола, сега и двете имаат по седум бода.

Арсенал поведе преку Хаверц во 38. минута, а Жоао Педро израмни во 58.

Треба да се напомене и дека „топчиите“ речиси цело второ полувреме го одиграа со играч помалку, бидејќи беше исклучен Деклан Рајс.

ПретходноУЕФА го одреди „возниот ред“ во ЛШ: Отвораат Милан – Ливерпул, Реал почнува со Штутгарт (ФОТО)
СледноМироски обезбеди второ злато за Македонија на СП во кик-бокс