Лајпциг го победи шампионот со магичен пресврт, Елмас си преседе на клупа

1687
FOTO> https://x.com/RBLeipzig

Чудесен меч во германската Бундес лига. Во дербито на колото, актуелниот шампион Баер Леверкузен е поразен од РБ Лајпциг на свој терен со 2:3 и покрај тоа што водеше со 2:0. Гостите направија пресврт и ги однесоа бодовите.
Лајпциг од 26 минута имаа и играч помалку поради исклучувањето на Розе. Баер поведе со 2:0 со голови на Фримпонг и Грималдо, но гостите намалија во последните секунди од првиот дел со гол на Кампл.
Во второто полувреме иако имаа 10 играчи во поле направија пресврт. Луис Опенда со два гола го скрши првакот.
Македонскиот интернационалец Елиф Елмас цел меч го помина на клупата.

ПретходноДимитријевиќ дебитираше за Олимпија Милано
СледноХаланд со хет-трик го потона Вест Хем