Лудо во Неапол: Лукаку погоди на дебито, Наполи победи со голови во судиското продолжение

975

Четири гола на мечот меѓу Лацио и Милан што се одигра во Рим во рамките на 3.коло на Серија А. Поведе Милан со голот на новакот Страхиња Павловиќ во 8 минута. Резултатот не се менуваше до 62 минута, а потоа домашните набрзина дадоа два гола и го свртеа резултатот.
Изедначи Кастељанос, а четири минути подоцна Диа носи 2:1 за Лацио. Во 72 минута Рафаел Леао му донесе бод на Милан.

А Наполи губеше од Парма се до финишот и во судиското продолжение победи со 2:1. Во 19 минута судијата свирна пенал по груб старт на Алекс Мерет, а Бони од пенал носи предност за Парма.
Во 76 минута Сузуки доби црвен картон и Парма остана со играч помалку, а во 92 минута Ромелу Лукако го постигна првиот свој гол за Наполи и за изедначување на резулатот. Пред тој момент судијата преку ВАР проверуваше ситуација за пенал за Наполи и не покажа на белата точка.

Во 97 минута Ангуиса ја затресе мрежата за лудило на „Диего Марадона“ стадионот и победа за Наполи.

ПретходноППД Загреб пресилен за Пелистер, битолчани ќе играат за 5. место во Добој
СледноНа 39 години почина поранешен капитен на Лидс